Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Невесто црвен трендафил

- Невесто црвен трендафил, џанам,
сега си дојдов од гурбет.
Што ти е соба послана, џанам,
што ти е шише ракија?

- Стојане море, стопане, џанам,
в село се Турци на гости.
Затој ми соба послана, џанам,
затуј ми шише ракија.

- Невесто црвен трендафил, џанам,
и тоа да ти верувам?
Што ти е коса бушава, џанам,
што ти е елек раскопчан?

- Стојане море, стопане, џанам,
децата ми се малечки.
Затој ми коса бушава, џанам,
затој ми елек раскопчан!

- Невесто црвен трендафил, џанам,
што ти е она зад врата?
Со сиво сако наметнат, џанам,
со тенка пушка на рамо?

- Стојане море, стопане, џанам,
лагите ми се свршија.
Прво ме мене убоди, џанам,
после го него улови.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Танец - Невесто црвен трендафил
  2. Васка Илиева, Александар Сариевски - Невесто црвен трендафил
  3. Ансамбл Илинден - Невесто црвен трендафил
  4. Танец - Невесто црвен трендафил

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Танец
  2. Васка Илиева
  3. Александар Сариевски
  4. Ансамбл Илинден