Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

На сред село чешма шарена

Море на сред село, чешма шарена,
течеше вода студена.

Ајде до чешмата, до две-три моми,
полнеа вода студена.

Ајде оздол' иде едно лудо младо
на сиво коњче јаваше.

- Ај подај ми, моме, едно барде вода
во твој'та рака убава.
Ај подај ми, моме, едно барде вода,
да пијам, да се напијам.

- А бре, лудо младо, не си арчи време.
либето ми е пред порти,
ме чека да ме прегрне!