Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Павле ми пие

Павле ми пие, Павле ми пие
вино ем ракија, вино ем ракија.
Море тој ми испил
три илјади гроша.

Везден седи Павле море,
во ладна меана,
вино пие, ем лута ракија.

Кога дојде време
вино да се плати,
Павле пари нема.

Везден седи Павле море,
во ладна меана,
вино пие, ем лута ракија.

Ајде проговара, проговара,
млада меанџика:
- Море ја продај си
твоја брза коња,
вино да си платиш!

Везден седи Павле море,
во ладна меана,
вино пие ем лута ракија.

Дејгиди Павле,
Павле пијаница.
Дејгиди Павле,
зошто вино пиеш
кога пари немаш?

Везден седи Павле море,
во ладна меана,
вино пие ем лута ракија.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Македонски мерак - Павле ми пие
  2. Наум Петрески - Павле ми пие
  3. Китка - Павле ми пие
  4. Непознат изведувач - Павле ми пие
  5. Петранка Костадинова - Павле ми пие
  6. Перун - Павле ми пие
  7. Перса Николова, Марица Зилковска - Павле ми пие
  8. Борче Крстески, Грозда Стоева - Павле ми пие
  9. Адријана Алачки - Павле ми пие

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Македонски мерак
  2. Наум Петрески
  3. Китка
  4. Непознат изведувач
  5. Петранка Костадинова
  6. Перун
  7. Перса Николова
  8. Марица Зилковска
  9. Борче Крстески
  10. Грозда Стоева
  11. Адријана Алачки