Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Легнала Дана

Легнала Дана, заспала, леле Боже,
во чичовата ледина,
под едно дрво маслина.

Дувна ми ветар од море, леле Боже,
ми скрши грана маслина,
удри ја Дана по чело.

Викнала Дана да плаче, леле Боже:
- Оф леле Боже, добога,
как' ќе си одам до дома?

Ка ќе си одам до дома, леле Боже,
как' ќе и кажам на мама?
Мама ќе каже на тате.