Останал Кољо сираче

Останал Кољо сираче
без мајка, Кољо, без татко.
Главил се Кољо слугинче
при една бела анама.

Девет години слугувал,
лицето не ѝ го видел.
Поддувна ветар од море,
јашмакот ѝ го подигна.

Анамче оди на бања,
слугинче оди на бербер.
Сретнале ми се, сретнале,
при едно мало сокаче.

Слугинче вели, говори:
- Двајцата да се земиме.
Забелешка: Јашмак е вел, фереџе.