Бојот започна горе Крушево

Бојот започна горе Крушево,
горе Крушево, на Мечкин Камен.
Питу Гули славно загина,
славно падна за Македонија.

Таму се бие тој славен јунак,
тој славен јунак, тој Питу Гули.
Питу Гули славно загина,
славно падна за Македонија.

Жените плачат, децата пискаат,
а крв се лее на Мечкин Камен.
Питу Гули славно загина,
славно падна за Македонија.