Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Онаа страна оган гори

Онаа страна оган гори
сонце греит, небо синит,
роса росит, не го гаснит,
ветер веит, не го сеит.

Не ми било силен оган,
тук' ми била Христовата,
тук' ми била Христовата,
Христовата мила мајка.

Го стасала Христа бога,
го стасала на планина,
го стасала на планина,
на планина, на рудина.

Се собрале овчарите,
запалиле силен оган,
запалиле силе оган,
да огреат машко дете.

Си исекле долги поли,
си повиле машко дете,
си повиле машко дете,
огреале Христа бога.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Добри Ставревски - Онаа страна оган гори

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Добри Ставревски