Што си налутено либе

Што си налутено либе,
што си нажалено?
Што ти потемнело, либе,
белото ти лице?

Што ти црни очи, либе,
пливаат во солзи,
ти очи си бришеш, либе
с' долгата ти коса?

- Дали знаеш, мило либе,
колку се години
што те тајно љубам, либе,
без да ме узнаеш?