Еј, море мажу

- Еј, море мажу, море манџија
море личен ти ?,
кажи ми мажу што ти се јаде,
да си повечераме?

- Еј мори млада, лична Илчовице,
моја прва севдо голема,
мене ми се јаде пресна погача
што невеста месила,
мене ми се јаде печена кокошка
уште непронесена.

- И нас ни се јаде пресна погача
што невеста месила,
и нас ни се јаде печена кокошка
уште непронесена.

Еј море мажу, море манџија
море личен ти ?,
кажи ми мажу што ти се пие,
да си се напиеме?

- Еј мори млада, лична Илчовице,
моја прва севдо голема,
мене ми се пие лута ракија
пет години лежана,
мене ми се пие тригодишно вино
три пати преточено.

- И нас ни се пие лута ракија
пет години лежана,
и нас ни се пие тригодишно вино
три пати преточено.


-- друга верзија --

Ах море мажу, мил домаќин,
јас ќе ти умрам.
Ах мори жено, жалба ми падна,
кажи што ти се стори?
Ах мори жено, жалба ми падна,
кажи што ти се јаде?

Мене ми се јаде пресна погача,
шо невеста месила.
Мене ми се јаде печена кокошка,
уште не пронесена.
Мене ми се пие тригодишно вино,
три пати преточено.

Јас ти слегов долу во избата,
каде стојат дрвата,
па си зедов една суровица,
уште недокастрена,
десет пати удри, еднаш брои,
уште недокастрена.

Еве ти жено пресна погача,
шо невеста месила.
Еве ти жено печена кокошка,
уште не пронесена.
Еве ти жено тригодишно вино,
три пати преточено.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Ансамбл чалгија - Еј, море мажу

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Ансамбл чалгија