Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Песна за Ченто

(Среде Скопје)

Среде Скопје мнозина ми се собраа,
вистината за Ченто прашуваа:
- Каде е Ченто, море, кажете,
дојде време вистината да се дознае.
- Каде е Ченто, море, кажете,
дојде време вистината, ајде, да се сознае.

Среде Скопје мнозина ми се собраа,
за манастирот Прохор Пчински прашуваа.
В' манастирот Прохор Пчински, таму започна
нова борба за слобода, за Македонија.
В' манастирот Прохор Пчински, таму започна
нова борба македонска, ајде, за Македонија.

Ој, народе македонски, не заборавај,
што си имал, што си губел, што си започнал.
И да имаш сила јака, сила голема,
пак ќе бидеш, земјо мила, наша најмила.
И да имаш сила јака, сила голема,
пак ќе бидеш, земјо мила, ајде, наша победа.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Билјан Стојаноски - Песна за Ченто
  2. Гоце Николовски - Песна за Ченто
  3. Непознат изведувач - Песна за Ченто

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Билјан Стојаноски
  2. Гоце Николовски
  3. Непознат изведувач