Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Чукав, чукав мале

Синојка им, мале, дома дојдов, оф, оф,
дома дојдов, мале, пред вратата.
Чукав, чукав мале, дури омалев, оф, оф,
чукав, чукав, мале, дури омалев.

На мустак ми, мале, оќит падна, оф, оф,
на мустак ми, мале, оќит падна,
па се качив, мале, на ѕидчето, оф, оф,
им се пикнав, мале, низ пенџерчето.

Па ѝ ступнав, мале, на грлцето, оф, оф,
па ѓерданот, мале, ждринг ждринготна.
Се разбуди, мале, стара ѝ мајка, оф, оф,
- Што ти ѓердан, ќерко, ждринг ждринготна?

- Ме прескочи, мале, црната мачка, оф, оф,
ме прескочи, мале, црната мачка.
- Не ми беше, ќерко, црната мачка, оф, оф,
туку беше, ќерко, Славе ашикот.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Серенада - Чукав, чукав мале

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Серенада