Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Запеало славеј пиле

Запеало славеј пиле
на баремот, под пенџери.
Го разбуди малој моме,
уплакано, нажалено.

Проговара малој моме:
- Не пеј пиле толку рано,
саноќ сум си проплакала
и пред зора сум заспала.

Три ноќи сум проплакала,
мојто либе испраќала.
Тој ми појде на туѓина,
на туѓина, на печалба.
Пред да појде, ми нарача
да го чекам пет години.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Васка Илиева - Запеало славеј пиле
  2. Габриела Јанушевска - Запеало славеј пиле

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Васка Илиева
  2. Габриела Јанушевска