Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Од Битола појдов

Од Битола појдов,
во Прилеп си дојдов,
прилепските моми
сите тутунарки.

Битола, ѓене бабам Битола,
Манастир, ѓене кузум Манастир.

Од Прилеп си појдов
и во Велес дојдов,
велешките моми
сите се грнчарки.

Битола, ѓене бабам Битола,
Манастир, ѓене кузум Манастир.

Од Велес си појдов,
и во Скопје дојдов,
скопските моми
сите се брашнарки.

Битола, ѓене бабам Битола,
Манастир, ѓене кузум Манастир.

Од Скопје си појдов,
во Тетово дојдов,
тетовските моми
сите се грашарки.

Битола, ѓене бабам Битола,
Манастир, ѓене кузум Манастир.

Насекаде појдов
пак Битола дојдов,
битолските моми
нигде не ги најдов.
Битолските моми
на цел свет ги нема.

Битола, ѓене бабам Битола,
Манастир, ѓене кузум Манастир.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Анка Гиева - Од Битола појдов
  2. Виолета Томовска - Од Битола појдов
  3. Мирвет Беловска - Од Битола појдов
  4. Влатко Миладиновски - Од Битола појдов
  5. Мирвет Беловска - Од Битола појдов

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Анка Гиева
  2. Виолета Томовска
  3. Мирвет Беловска
  4. Влатко Миладиновски