Променила ми се Пандура девојка

Променила ми се, мамо, Пандура девојка,
лани на Велигден, мила мамо,
сега на Ѓурѓовден.

- Пусто останало, мамо, новото меанче,
што го направија, мила мамо,
спроти наш'та куќа.
Спроти нашта куќа, мила мамо,
спроти наши чардак.

Да не можам, мамо, на чардак д' излезам,
во двор да прошетам, мила мамо, во 'изба да влезам
вино да наточам, мила мамо, и лута ракија.

Вино да наточам, мамо, и лута ракија,
гости да пречекам, мила мамо, твојте мили браќа,
патем и шуревци, мила мамо, мои мили вујчеви.