Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Не кани ме

- Те слушам мирисаш пред мене,
а в гради срце и невреме
и не знам како ќе ми помогнеш
за да побегнам од тебе и од себе.

- Те слушам и не си верувам,
зар можам таков да бидам јас,
да љубам кога срце не сака
кога немам никого на дуњава?

Не кани ме со очите
не барај таква љубов да премолчиме.
Ќе заврне во душава,
еј, таква тажна песна не си слушала.

- Ме боли тоа што немам збор,
немам ни уста, ни одговор.
И кажи, небесна убавино,
како да го прелажам јас срцево?

- Те слушам, ништо не разбирам,
љубовта велиш нè одбрала,
а дали еднаш си ме прашала
дали љубам некого на дуњава?

Не кани ме со очите
не барај таква љубов да премолчиме.
Ќе заврне во душава,
еј, таква тажна песна не си слушнала.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Миле Кузмановски - Не кани ме
  2. Орхидеја Дукова, Влатко Лозаноски - Не кани ме

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Миле Кузмановски
  2. Орхидеја Дукова
  3. Влатко Лозаноски