- Девојче, море девојче
не стој доцна на порте.
Не стој доцна на порте,
не пребирај ергене.
Ќе излезне мајка ти,
мајка ти, лудо, татко ти.
Мајка ти ќе те повика,
татко ти ќе те натепа.
- Еј море момче, будало,
мене не ме караја,
оти сум си навреме,
навреме мома за женење.
- Кога си моме за женење,
не стој доцна на порте.
Не стој доцна на порте,
елај си моме кај мене.
Девојче, море девојче
If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!
Download MP3
Quality: up to 40kbps.
Performers
See more songs featuring audio samples by: