Брале, брале, се собрале

Збрале, збрале, се собрале
од селото моми најубави,
ќе ми одат, мале, во гората,
да ми берат моми гороцвеќе.

Брале, брале, ми набрале,
ми тргнаја моми да си одат.
Леле, боже, леле, што ги сретна,
лоша среќа, Димко гајдаџија.

Ми засвирил Димко едно оро,
се фанаа моми да ми играт.
Оро води, леле, ќучук Митра,
а до неа Стојна поповата.

Ми писна, леле, руса Стојна:
- Леле, боже, леле, што ме снајде,
си изгубив, леле, ѓерданчето,
ѓерданчето, леле, стотте лири!