Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Во Крушево оган гори

Во Крушево оган гори,
во Крушево густа магла,
во Крушево густа магла,
Мечкин Камен крв се лее.

Мечкин Камен крв се лее,
там' се бијат три војводи,
там' се бијат три војводи,
турска војска три илјади.

Прв војвода Даме Груев,
втор војвода Питу Гули,
втор војвода Питу Гули,
а третиот Алабакот.


(Друга верзија)

Во Крушево оган гори,
во Крушево густа магла.
Там' се бијат три војводи,
три војводи - три јунаци.

Први беше Питу Гули,
други беше Караѓуле.
Други беше Караѓуле,
треќи Блаже Биринчето.

Патроните се свршија,
в' малихери им останаа.
Им остана уште по еден,
за сами да се убијат.

За сами да се убијат,
на мира да не се даваат,
да ги носат на Бит Пазар,
да им земат аманетот.
Да ги носат, да ги бесат,
да им земат аманетот.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Davy Spillane, Andy Irvine - Во Крушево оган гори
  2. Цветан Јошевски - Во Крушево оган гори
  3. КУД Мирче Ацев - Во Крушево оган гори

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Davy Spillane
  2. Andy Irvine
  3. Цветан Јошевски
  4. КУД Мирче Ацев