Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Каде се чуло, видело

Каде се чуло видело,
владика турчин да стани,
владика турчин да стани, јамди аман,
за едно лице набелено.

За едно лице набелено
и едни нокти к'носани,
за едно лице набелено, јамди аман,
и едни нокти к'носани.

Сите ми одат чаршија,
владика оди на бербер,
владика оди на бербер, јамди аман,
брадата да му избричат.

Кога му брада бричеа,
деведесет очи гледаа,
деведесет очи гледаа, јамди аман,
сто и педесет кандила светеа.

Сите ми одат на црква,
владика оди в џамија,
владика оди в џамија, јамди аман,
да си ја мени верата.

Кога му вера менуваа,
сто и педесет оџи пееа,
сто и педесет оџи пееа, јамди аман,
деведесет кандила гореа.

Убаво име му дадоа,
Асан делија потурчен,
Асан делија потурчен, јамди аман,
што си ја мени верата.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Прилепски еснафи - Каде се чуло, видело

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Прилепски еснафи