Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Што си ми сине весело

- Што си ми, сине, денес весело,
што си се толку напило?
Дали од мака, сине мој,
или од мерак за моме?
- Од мерак, мајко, од мерак,
за едно моме убаво,
мерак си фрлив, мајко, по неа,
сон не ме фаќа за неа.

Денес си, мајко, заљубив,
убаво, моме, Македонче.
Косите ѝ се коприна,
снагата како самовила.
Од мерак, мајко, од мерак,
за едно моме убаво,
мерак си фрлив, мајко, по неа,
сон не ме фаќа за неа.

Очите сини ко филџани,
устата медна, шекерна.
За неа, мајко, се напив јас,
од врела љубов по неа.
Од мерак, мајко, од мерак,
за едно моме убаво,
мерак си фрлив, мајко, по неа,
сон не ме фаќа за неа.

Учи ме, мајко, научи,
дал' да го земам за либе?
- Земи го, сине, земи го,
среќни да сте ми довека.
Штом имаш мерак сине на неа,
земи ја, сине, за жена.
Мерак си фрлив, сине, на неа,
земи ја, сине, за жена.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Васка Илиева - Што си ми сине весело

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Васка Илиева