Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Бог да бие мојта мајка маќеа

Бог да бие мојта мајка маќеа.
Срам да ѝ е, арам да ѝ е,
на мојта мајка маќеја.

Што ме даде пусто село ерменско.
Срам да ѝ е, арам да ѝ е,
пусто село ерменско.

Во сабота навечер ме зедова.
Срам да ѝ е, арам да ѝ е,
навечер ме зедова.

В понеделник на жетва ме пратива.
Срам да ѝ е, арам да ѝ е,
на жетва ме пратива.

Ми дадова празна торба без лебец.
Срам да ѝ е, арам да ѝ е,
празна торба без лебец.

Се наведнав кога сонце изгрева
срам да ѝ е, арам да ѝ е
кога Сонцето изгрева.

Се исправив кога сонце зајдува
срам да ѝ е, арам да ѝ е
на мој'та мајка маќеа.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Анка Гиева, Никола Бадев - Бог да бие мојта мајка маќеа
  2. Никола Бадев, Васка Илиева - Бог да бие мојта мајка маќеа

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Анка Гиева
  2. Никола Бадев
  3. Васка Илиева