Киниса моме на вода

Киниса моме на вода,
киниса моме на вода
со двете стомни шарени
и два ибрика сребрени,
со двете стомни шарени
и два ибрика сребрени.

Загреши моме потишта,
загреши моме потишта,
отиде горе в планина
на Димовото бачило,
отиде горе в планина
на Димовото бачило.

Сите овчари станаје
и ведро млеко турије.
Димо ќеаја не стана
и ведро млеко не тури,
Димо ќеаја не стана
и ведро млеко не тури.

Извикна Димо ќеаја:
- Овчари, млади чобани,
слезите долу в Галичник,
викните попа и кума,
викните попа и кума,
момево да го венчаме.

Кога во црква одеје,
кога во црква одеје
крвава роса росеше.
Кога од црква идеје,
кога од црква идеје
ситни камења паѓаје.