Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Лено, Ленче

Еј, за кого ти се тие црни очи,
за кого ти се тие медни усни?
Лено, Ленче, ајде кажи ми,
немој срце да ми изгори.

Лено, Лено, Ленче, мамино девојче,
татина галеница, биди ми свршеница.
Сè што сакаш, Ленче, тебе ќе ти дадам,
коси да ти милувам, на гради да те успивам.

Еј, крај твоите порти стројници се редат,
под твојот прозор ергени ти пеат.
Лено, Ленче, изгор мој, само јас ќе бидам твој,
Лено, Ленче, ангел мој, само јас ќе бидам твој.

Лено, Лено, Ленче, мамино девојче,
татина галеница, биди ми свршеница.
Сè што сакаш, Ленче, тебе ќе ти дадам,
коси да ти милувам, на гради да те успивам.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Наум Петрески - Лено, Ленче

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Наум Петрески