Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Егејки мајки

Душа за ништо не се продава
крвта со вода не се менува.
Господ ни дарил долги корени,
признајте еднаш: не сме Елини
признајте еднаш: сме Македонци.

Егејки мајки нè родија,
тие со Егеј нè задоија.
Мајчинска клетва ни оставија,
клетва за нашата Македонија.

Тие што тешки маки тргале,
својата судба ја проколнале.
Само што пеат песни нашински,
само што мислат на македонски.

Егејки мајки нè родија,
тие со Егеј нè задоија.
Мајчинска клетва ни оставија,
клетва за нашата Македонија.

Зошто пред Бога да се мразиме,
верата иста да ја газиме?
Пред него зошто да сме душмани,
признајте еднаш: не сме Елини,
признајте еднаш сме Македонци.

Егејки мајки нè родија,
тие со Егеј нè задоија.
Мајчинска клетва ни оставија,
клетва за нашата Македонија.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Ta Aidonia - Егејки мајки
  2. Бисер Торонто - Егејки мајки
  3. Децата од Буф - Егејки мајки
  4. Васил Чамов - Егејки мајки

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Ta Aidonia
  2. Бисер Торонто
  3. Децата од Буф
  4. Васил Чамов