Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

По поле одат аргати

По поле одат аргати,
аргати млади невести,
афион ќе ми копаат,
по тие ниви велешки.

Патот го води Гроздана,
Гроздана, мома убава
и по неа Невена,
Невена Георгиева.

Песни ми пеат ајдучки,
ајдучки, ем партизански
и во песните зборуваат:
„смрт или слобода“.
Забелешка: Во спомен на партизанката Невена Георгиева - Дуња.