Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Невеста платно ткаеше

Невеста платно ткаеше, мори џанам,
шкрипците ѝ песна пееја.
Оздола иде туѓинче, мори џанам,
туѓинче, младо јабанџиче.

Фатило коњче за узда, мори џанам,
право си трга за дома.
Право си трга за дома, мори џанам,
при това младо невесте.

Невеста, вели, говори, мори џанам:
-Туѓинче, младо, јабанџиче,
не врти коњче кај мене, море лудо,
момчето ми е туѓина.

- Невесто лична, убава, мори џанам,
јас ќе те прашам, распрашам:
дали си млада невеста, мори џанам,
или си црна вдовица?

- Туѓинче, младо, јабанџиче, море џанам,
јас не сум црна вдовица,
туку сум млада невеста, море лудо,
либето ми е туѓина.

- Невесто, лична, убава, мори џанам,
ај, кога си млада невеста,
фати си коњче за узда, мори џанам,
јас сум ти твоето либе.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Васка Илиева - Невеста платно ткаеше

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Васка Илиева