Љубев едно лудо младо
дури беше непосвршено,
с' него живеав, на него мислев,
за него животот си издадов.
Проклета да е мајка ти, лудо,
што те посврши за друго либе!
Јас да те љубам, да полудевам,
кој сум - што сум, да не знам каде сум.
Нашата љубов е неверна
и со време да је паметиш,
кај се најдвевме и си кажвавме
од срце болки што си имавме.
Ти се молам лудо младо,
ко ќе умрам ти да ми дојдиш
солзи да рониш, пасој да менвиш
заради љубов што си имавме.
Љубев едно лудо младо
If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!
Download MP3
Quality: up to 40kbps.
Performers
See more songs featuring audio samples by: