Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Не заминувај, не ме оставај

- Не заминувај, не ме оставај,
зар не ме љубиш, каде одиш ти?
- Одам, одам девојко, не ќе ме запреш ти,
пат ме влече далечен, најмил мој роден крај.

Ако ме сакаш, ако ме љубиш,
со мене дојди ти,
подај ми рака, рака и срце,
дојди во мојот крај.

- Ќе ти дадам сè, сè што имам јас,
само остани овде кај мене.
- Одам, одам девојко, одам на далек пат,
тага в' гради стегнала, тага за роден крај.

Ако ме сакаш, ако ме љубиш,
со мене дојди ти,
подај ми рака, рака и срце,
дојди во мојот крај.

- Тогаш оди си, не те запирам,
но ќе чекам јас да се вратиш пак.
- Одам, одам девојко, роден да гушнам крај,
в' душа болка легнала, болка за татков дом.

Ако ме сакаш, ако ме љубиш,
со мене дојди ти,
подај ми рака, рака и срце,
дојди во мојот крај.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Иван Узунов, Виолета Митева - Не заминувај, не ме оставај

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Иван Узунов
  2. Виолета Митева