Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Наум и Деспина

Езерски бранови носат кораби,
впловија сите стари рибари,
остана само мома Деспина,
стои крај брегот и очекува.
Поглед со солзи кон езерото,
уште го нема Наум со кајчето.

Нека плачат, не е лесно,
охридска е тоа судбина,
каков живот - таква песна,
Наум и Деспина.

Соблече Деспина руба даровна,
распушти коса, тажно запеа,
влезе во вода ладна езерска,
остави душа за понадица.
Посака Охрид да ја покрие
кога го нема Наум крај себе.

Нека плачат, не е лесно,
охридска е тоа судбина,
каков живот - таква песна,
Наум и Деспина.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Група Кода - Наум и Деспина
  2. Група Маестро - Наум и Деспина
  3. Класико бенд - Наум и Деспина
  4. Дејан Николоски Чуле, Дрим тим - Наум и Деспина

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Група Кода
  2. Група Маестро
  3. Класико бенд
  4. Дејан Николоски Чуле
  5. Дрим тим