Стојне ле, Стојне, русо ле Стојне,
зошто на зборот не стоиш?
Зошто на зборот не стоиш, Стојне,
двајцата што го зборвавме?
На таа нива орница, Стојне,
под таа круша летница,
рудото јагне печено, Стојне,
на крива круша делено.
Рудото јагне печено, Стојне,
бела погача месена.
Бела погача месена, Стојне,
на каракамен печена.
Стојне ле, Стојне, русо ле Стојне,
зошто на зборот не стоиш?
Зошто на зборот не стоиш, Стојне,
двајцата што го зборвавме?
Ај, тргај Стојне по мене, лично,
двајцата да се земиме!
Стојне ле, Стојне
If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!
Download MP3
Quality: up to 40kbps.
Performers
See more songs featuring audio samples by: