Елај Ристе, елај

- Елај Ристе, елај у назе,
мајка ми ќе оди на цркви.

Таму ќе раздава за душа,
јас кај тебе Ристе на душа.

Елај, ела Ристе до вечер,
ќе те чекам Ристе под пенџер.

Мајка ми ќе оди на гости,
јас со тебе Ристе крај порти.


(друга верзија)

- Елај Ристе, елај у назе,
јелај Ристе, јелај ју назе.
- Нејќам Доно, нејќам, не идам,
нејќам севдо нејќам, не идам, не идам.

Мајка ти е дома, Донке ле,
мајка ти е дома, севдо ле.
- Мајка ми отиде на црква,
мајка ми отиде на црква, на црква.

Да раздава, Ристе, за душа,
да раздава, Ристе, за душа, за душа,
ние со тебе Ристе под круша, под круша.

Татко ми отиде в' планина,
татко ми отиде в' планина, в' планина,
ние со тебе Ристе в' градина,
ние со тебе Ристе в' градина, в' градина.

- Ќе разберат горно селаните,
ќе се смеат севдо душманите, душманите.
- Кога ќе разберат селаните,
ние ќе смениме прстените, прстените.