Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Ајде ми извикнал турскиот паша

Ајде ми извикнал турскиот паша,
од Панаѓуриште.
Ајде ми повикнал деветмина Турци,
Турци јаничари.

Одете фатете ја, жива донесете ја,
Рајна поп Ѓорѓиева.
Ниту да ја колите, ниту да ја бесите,
жива донесете ја.

Сакате колете ме, сакате бесете ме
јас сум војводата,
јас сум војводата Рајна поп Ѓорѓиева
јас го сошив бајракот.

Јас го сошив бајракот и му турив знакот:
„Смрт или слобода“,
смрт или слобода за Македонија,
земја поробена.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Билјан Стојаноски - Ајде ми извикнал турскиот паша

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Билјан Стојаноски