Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Ајде Лено да ојме

Ајде Лено д' ојме
долу на сред село,
долу на сред село,
собор се собрало.

Таму се собрале
и стари и млади,
оро заиграле,
песни запеале.

Среде во орото,
нашето овчарче,
како е надувало,
таја пуста гајда.

Сите девојчиња
играат и пеат,
убавата Цена
ни игра, ни пее.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Марица Зилковска, Елена Димитриевска, Перса Николова - Ајде Лено да ојме

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Марица Зилковска
  2. Елена Димитриевска
  3. Перса Николова