Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Седенка се збира

Седенка се збира,
мама не ме пушта,
мама не ме пушта
на седенка да идам.

На седенка да идам,
с' либе да се видам,
с'либе да се видам
оти војник ќe оди.

Мама, тате велат:
- Ај да вечераме.
Сите полегнаа
мене сон не фаќа.

Сите полегнаа,
мене сон не фаќа
мене сон не фаќа,
на седенка да идам.

На седенка да идам,
с' либе да се видам.
С' либе да се видам,
оти војник ќ' оди.

Излегов на порти,
слушам жални песни.
Слушам жални песни,
песни за разделба.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Кале - Седенка се збира
  2. Томе Чрчев, Славка Чрчева - Седенка се збира

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Кале
  2. Томе Чрчев
  3. Славка Чрчева