Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Елено моме, Елено

Елено моме, Елено,
зошто на зборот не стоиш,
зошто на зборот не стоиш,
двајцата што си ветивме?

Оф, аман, аман, аман,
мори моме Елено,
оф аман, аман, аман,
мори севдо голема.

Двајцата што си ветивме,
свадба да си направиме,
свадба да си направиме,
со љубов да живееме.

Оф, аман, аман, аман,
мори моме Елено,
оф аман, аман, аман,
мори севдо голема.

А сега ти ме остави,
срцето ми го изгоре,
срцето ми го изгоре,
животот ми го запусти.

Оф, аман, аман, аман,
мори моме Елено,
оф аман, аман, аман,
мори севдо голема.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Гоце Николовски - Елено моме, Елено
  2. Струшки бисери - Елено моме, Елено

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Гоце Николовски
  2. Струшки бисери