Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Струмица, Струмица

Макот кај белее, топло сонце грее,
рано жито жнее, бостанот што пее,
грозје црвенее, бело злато зрее,
кикирики зреат, струмичани пеат:

- Струмица, Струмица, убава е Струмица,
расцутена в' пролет, прекрасна во есен.

Дали сте ви'ле Струмица мила
раната пролет кога се буди?
Росно цвеќе разно сегде се расцути,
стадата блеат, славејчиња пеат:

- Струмица, Струмица, убава е Струмица,
расцутена в' пролет, прекрасна во есен.

Струмица што има, секаде го нема,
убави моми, стројни момчиња.
Излети прават в' Банско и Дојран,
песна тук' се ори, жива и весела:

- Струмица, Струмица, убава е Струмица,
расцутена в' пролет, прекрасна во есен.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Славица Павловиќ, Јованка Ивановска - Струмица, Струмица

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Славица Павловиќ
  2. Јованка Ивановска