Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Ај, кажи Јано, кажи душо

- Ај, кажи Јано, кажи душо јас што да чинам?
Сношти вечер, Јано мори, абер ми дојде,
тескере ми дојде, Јано мори, аскер да одам.
Ај, дали Јано, чифлик да продадам,
дали душо коња да продадам?
Оти Јано, мори душо леле, борчот да си платам?

- Ај, немој душо чифлик да продаваш,
немој душо коња да продаваш,
јас да ти сум жива, лудо бре, борчот ќе ти платам.
Ај, јас ќе бидам млада меанџика,
ќе продавам вино ем ракија,
ќе спечалам турски лири, леле, борчот ќе ти платам.

- Ај, ти ќе бидеш млада меанџика,
ќе продаваш вино ем ракија,
таму ќе се зберат, Јано, турско ем каурско.
Турче има ѓаволички очи,
тој ќе ти се смее, Јано, ти ќе му се смееш,
тогаш мене, Јано мори леле, ќе ме заборавиш.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Цане Николовски - Ај, кажи Јано, кажи душо

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Цане Николовски