Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Ај, шетал Марко

Ај, шетал Марко покрај Црно Море,
ај, го догледа царева девојка,
ај, проговара царева девојка:
- Ај, ејди тебе Марко Кралевиќу,
ај, потурчи се, љуба да ти бидам.
Ај, ќе те носам шарена џамија,
ај, ќе ти викнам девет агалари,
ај, ќе ти турам име најголемо,
сакаш Асан, сакаш Асанага.

Ај, проговара Марко Краљевиќу:
- Ај, ејди тебе, царева девојко,
ај, покрсти се либе да ти бидам.
Ај, ќе те носам во црква шарена,
ај ќе ти викнам до девет попови.
Ај, девет попа, девет калуѓера,
ај ќе ти турат име најголемо,
сакаш Севдо, сакаш Севделино.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Рајна Спасовска - Ај, шетал Марко

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Рајна Спасовска