Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Си заљуби Џефа

Си заљуби Џефа од Долна Река
двајца браќа, два близнака,
еден Мевмет, други Асан.
Ја побара постариот,
ја дадоа на помалиот,
одма Асан, џанам, болен легна.

Лежа што ми лежа девет години,
ми искина девет постели,
ми искина девет перници,
болен ми е, севда голема,
тешка болест, не се лекува,
нит умира Асан, нит станува.

Па ѝ рече Асан на мајка си:
- Ја појди си кај Мевмета
и речи му да ја пушти,
да ја пушти лична Џефа
да ми баци десна рака,
ил' да умрам, море, ил' да станам.

Си послуша Џефа девера си,
си облече бело руво,
бело руво, жолти чевли,
па си појде кај Асана,
и му баци десна рака,
одма Асан, џанам, душа даде.