Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Нека чукаат тапаните

- Домаќине, дали имаш вино црвено,
дали имаш тригодишна лута ракија,
да пречекаш мили гости, сватови,
од далеку и од блиску дојдени?

Нека чукаат тапаните,
за да чујат селаните,
цело село нека пие,
сè до капка да се испие.

- Повелете, мили гости, мили сватови,
јас си имам тригодишна лута ракија,
ем си имам рујно вино црвено,
да пречекам до три села големи.

Нека чукаат тапаните,
за да чујат селаните,
цело село нека пие,
сè до капка да се испие.

- Домаќине, не сме дошле за да пиеме
рујно вино, тригодишна лута ракија,
тук' сме дошле по невеста убава
за нашето мило чедо, најмило.

Нека чукаат тапаните,
за да чујат селаните,
цело село нека пие,
сè до капка да се испие.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Зоран Марковски - Нека чукаат тапаните

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Зоран Марковски