Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Лазарополе, таму најгоре

Погледни ме, судбо, ти во очиве,
ајде да си кажеме право каде згрешивме.
Однеси ме таму кај што припаѓам,
таму кај што пораснав, судбо, да си остарам.

Лазарополе, таму најгоре,
слика убава, мајко, е на душава.
Лична Калина, еј одамнина,
тажна сказна, мајко стара, ѝ напишала.

Однеси ме, судбо, кај ливадите,
таму кај што мириса силно на гороцвеќе.
Во нашата, судбо, куќа голема,
таму да си одморам душа, еј преморена.

Лазарополе, таму најгоре,
слика убава, мајко, е на душава.
Лична Калина, еј одамнина,
тажна сказна, мајко стара, ѝ напишала.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Наум Петрески - Лазарополе, таму најгоре

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Наум Петрески