Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Легна си мама, легна и тате

Легна си мама, легна и тате,
јас немам со кого.
Дојди лудо дојди бре младо
вечер по вечера.

Од што се лудо зарадвало,
дури не разбрало.
Тропна кљукна на портето,
сонце не зајдено.

- Мори ќерко, мила ќерко,
кој тропа на порте?
- Спи ми мајко, спи стара мајко,
сè така се слуша.

- Мори ќерко, мила ќерко,
кој тропа на порте:
- Тропа, кљука, в' рај ме вика,
отвори да влезам.
Спи ми мајко, спи стара мајко,
сè така се слуша.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Струшки бисери - Легна си мама, легна и тате
  2. Струшки бисери - Легна си мама, легна и тате
  3. Пелагониски бисери - Легна си мама, легна и тате
  4. Билјана Булдиоска - Легна си мама, легна и тате

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Струшки бисери
  2. Пелагониски бисери
  3. Билјана Булдиоска