Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Заплакала ми гората

Заплакала ми гората,
гората и планината
и од гората дрвата,
и од дрвата лисјата,
од гнездата пилците,
и по земјата тревата,
од кладенците воѓето
заради Инџе војвода:

- Камо си, Инџе, да дојдеш?
Со ајдуци гора с' исполна,
ајдуци оган дадое,
гората ја изгорие.
Ејгиди Инџе војвода,
камо си брго да дојдеш,
спокој од гора избегал!

Тогај се Инџе огласи
од таја гора зелена:
- Почекај, горо зелена,
ете го Инџе к'ј идет,
с' ајдуци ќе се обидит.
Првото срце го немат.
Кога трендафил цутеше,
секој му душа љубеше,
кога трендафил капеше,
никој му мишки нејќеше.

Извика гора до Бога,
и од гората дрвата,
и од дрвата лисјата,
и по земјата тревата,
од кладенците воѓето.

Извика Инџе до Бога
низ таја гора зелена,
од високата планина:
- Трај ми, горо ле, не плачи,
ете го Инџе к'ј идет,
ајдуци ќе ги испадит.
Ајдуци гласот му чу'е,
еден пред други бегаа,
еден с' друг не се видоа.

Тогај се гора зарадва
и од гората дрвата,
и од дрвата лисјата,
од гнездата пилците,
од кладенците воѓето.
Забелешка: Браќа Миладиновци, за Стојан „Инџе“ војвода (1755 - 1861), ајдутин од Источна Тракија.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Perunika trio - Заплакала ми гората

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Perunika trio