Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Што поминав мајко

Мори, мајко ле мори, мајко,
што поминав, мајко ле мори, горната маала,
што си видов, мајко ле мори, Доста девојка,
Доста беше, мајко ле мори, како мене.

Мори, мајко ле мори мајко,
ко мене, мајко ле мори, прилегат за мене.
Иди мамо, мајко ле мори, питај ми ју
ак ти ју давит мајко, да се позаба’иш.

Мори, мајко ле мори, мајко,
ак не ти ју давит мајко, брго да си дојдиш.
Куќи ќе расипам мајко, манастир ќе правам,
манастир ќе пра’ам мајко, калуѓер ќе бидам.
I do not have a recording of this song. Do you? Help this collection by sending it to [email protected]. Thanks!