Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Крстано бела црвена

- Крстано бела црвена,
што рано цвеќе цутило,
што не го бериш да носиш,
да ти заличит лицето,
да ти заличит ставата.

- Дегиди лудо и младо,
што да го берам да носам,
што аро гледам пред мене,
дегиди лудо и младо,
не бери гајле за мене.

- Крстано бела црвена,
мажи се дури си млада,
дури си млада, убава,
дури си танка, висока,
дури ти играт срцето.
Забелешка: Аро во овој контекст значи зло, лошо.
I do not have a recording of this song. Do you? Help this collection by sending it to [email protected]. Thanks!