Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Мено ле Мено

- Мено ле Мено, Мено ле Мено, Мено девојко,
не оди Мено, nе оди Мено ноќе за вода,
по месечина, на облачина.

Водите ни се, водите ни се мошне далеко,
на теб' се фале, на теб' се фале лудо ле младо,
на теб' се фале да те позадре.

Тогај си веле, тогај си веле Мена девојка:
- Ако ме стрете, ако ме стрете што ќе ми чине?
Стомна ак' скрше нова ќе купе.

Не сум калинка, не сум калинка да ме соскрши,
да ме раздаде, да ме раздаде на дружината.
Не сум погача да ме посече,
да ме посече да ме изеде.
I do not have a recording of this song. Do you? Help this collection by sending it to [email protected]. Thanks!