Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Збогум, збогум

Збогум, збогум живот мој,
тажен, несреќен,
денот ми дојде
и час последен.

И да се убијам,
јас не се жалам,
не можам, не можам
сам да живеам.

За неа јас живеев,
ама не знаев
дека ме лажи
и не ме љуби.

И да се убијам,
јас не се жалам,
не можам, не можам
сам да живеам.

Сега нека живее
сама без мене.
Нема, нема живот,
среќа за мене.

И да се убијам,
јас не се жалам,
не можам, не можам
сам да живеам.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Јонче Христовски - Збогум, збогум

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Јонче Христовски