Јонче Христовски (Битола, 1931 - Скопје, 15 април 2000) — истакнат македонски пејач, текстописец и композитор на песни во народен дух, исклучително популарен естраден уметник, кој славата на македонскиот мелос ја пронесувал низ целиот свет. Создал сопствен интерпретативен стил, препознатлив и комуникативен со публиката. Најзапаметени меѓу народот ќе останат неговите сценски настапи со фрлање на палтото на земја, бакнување на земјата и боемскиот мераклиски начин на живот отсликан во неговите изведби на песните. Неговите песни изобилуваат со изворен македонски народен звук и ритмика и силен македонски патриотски дух на љубов кон Македонија, но и кон животот, песната, љубовта.
Се прославил со својата песна „Македонско девојче“ (1964), чии препеани верзии се појавиле на англиски, германски, дански, италијански, руски, српски, француски и шпански јазик. Впечатливи му биле и изведбите на песните: „Животе мој“, „Ај засвирете ми чалгии“, „Запеј песна Македонко“ и многу други во извонредно богатиот репертоар. Како најзапаметени и највпечатливи негови песни кои сè до денес се своевидни химни меѓу македонскиот народ, со огромна популарност се песните „Едно име имаме“, „Ако умрам ил загинам“, „Ој, Вардаре македонски“, „И ние сме деца на Македонија“', „Мој роден крај“, „Куќа имам на Пелистер“ и многу други. Член бил на ансамблот „Танец“ (пејач и играорец), каде како кореограф изработил и создал кореографии за неколку ора, меѓу кои и Калајџиското оро.

The table below lists songs that feature recordings made by Јонче Христовски. Click on a song name to see the lyrics and more info, or click on a download link to play the corresponding audio sample.