Macedonian Folk Songs Македонски народни песни

Да ме молат не се женам

Да ме молат не се женам,
да ме молат, да ме колат
не, јок, не се женам, не,
не, не се женам не.

Еве брат ми се ожени
и од жена гл'а не крена,
не, јок, не се женам, не,
не, не се женам не.

Ако земам млада мома
не ќе се заврти дома,
не, јок, не се женам, не,
не, не се женам не.

Ако земам жена стара,
дење ноќе ќе се кара
не, јок, не се женам, не,
не, не се женам не.

Ако земам јас вдовица
ќе донесе булук деца
не, јок, не се женам, не,
не, не се женам не.

Ако земам оставена,
не ќе седи ни два дена
не, јок, не се женам, не,
не, не се женам не.

Ако земам селско чедо,
бргу ќе ме вика „дедо“,
не, јок, не се женам, не,
не, не се женам не.

Ако земам градска мома,
ќе ме истера од дома,
не, јок, не се женам, не,
не, не се женам не.

If you happen to have audio recording with a different version of the same song, please send it to me via email and I will gladly add it to this list. Thank you!

Download MP3

Quality: up to 40kbps.

  1. Јонче Христовски - Да ме молат не се женам
  2. Димитар Душев - Да ме молат не се женам
  3. Јонче Христовски, Трпе Череповски - Да ме молат не се женам

Performers

See more songs featuring audio samples by:

  1. Јонче Христовски
  2. Димитар Душев
  3. Трпе Череповски