Барај ги мила мамо

Барај ги, мила мамо, барај ги,
сите писма, сите слики мои љубовни.

Немој да кажеш мајко да се изгубени,
ниту мила мајко да се изгорени.
Срце ќе ми изгори мајко,
љубев, љубев, љубев јас.

Кажи ми, мила мајко, кажи ми,
зошто е тешко првата љубов да се заборави?

Немој да кажеш мајко да се изгубени,
ниту мила мајко да се изгорени.
Срце ќе ми изгори мајко,
љубев, љубев, љубев јас.

Сон ја сонувам, мајко, таа болува,
писмата мои таа ги чита, за мене тагува.

Немој да кажеш мајко да се изгубени,
ниту мила мајко да се изгорени.
Срце ќе ми изгори мајко,
љубев, љубев, љубев јас.